Го одби Лацио, еве каде ќе игра синот на легендарниот Хаџи (ФОТО)

фото: твитер

Младиот Јанис веќе има настапи за оваа шкотска екипа, но како позајмица од редовите на белгискиот Генк.

Синот на легендарниот романски фудбалер, Георге Хаџи, Јанис одлучи кариерата да ја продолжи во Шкотска.

Иако според италијанските медиуми беше голема желба на римски Лацио, 21-годишниот играч за врска во нападот од следната сезона ќе игра за Ренџерс со долгорочен договор.

Тој веќе има настапи за оваа шкотска екипа, но како позајмица од редовите на белгискиот Генк.

Возбуден сум што ќе бидам дел од составот во предсезоната и повторно во прославениот дрес. Имаше интерес од други клубови, но мојот приоритет беше секогаш да се вратам во Глазгов и играм за Ренџерс. Навистина уживав во мојата позајмица на „Иброкс“ и едвај чекам да играм наскоро пред нашите навивачи. Сега на фановите им посакувам и нивните семејства да бидат здрави и безбедни – се зборовите на Хаџи.

Успеа досега трипати да се запише во листата на стрелците во 12 натпревари за клубот од Глазгов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот