Глутница волци усмртиле 40 овци

фото: МИА

Педесетидвегодишник од селото Вејце останал без своите околу 100 овци откако, најверојатно, волци го нападнале стадото ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Тој за случајот го известил и Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Во СВР Тетово, Џ.Џ.(52) од Вејце пријавил дека во периодот помеѓу 28 и 29 минатиот месец во атарот на селото Бозовце, дивеч, најверојатно волци, му усмртиле 40 овци. Од останатите, 15 биле повредени, а 40 избегале и воопшто не се вратиле во неговото стадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот