Фото: Промо

Глобалниот феномен „Џокер аут“ пристигнува на „Скопје колинг“: Словенците ќе одржат концерт на 29 јуни!

Словенечката група „Џокер аут“, која за кратко време стана тинејџерска атракција, ќе настапи на годинашното издание на фестивалот „Скопје колинг“. Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на Стадионот на АРМ на 29 јуни.

„Дваесет милиони преслушувања на Спотифај, соработка со Елвис Костело, распродаден концерт во легендарната сала Електрик Болрум во Лондон, распродадени концерти во Aнглија, Полска, Ирска, Норвешка, Шведска, Финска, вирален настап на Евровизија… повеќе од јасно е дека овие регионални, а светски шампиони ја заслужуваат водечката позиција покрај ‘Масив атак’ и Ник Кејв на годинашното издание на ‘Скопје колинг’“, велат од продукцијата „Авалон“, кои го организираат овој фестивал.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда, 16 април, со почеток во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија по следните цени и категории: партер – 1.000 денари и фан пит – 1.500 денари.

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот