Гледа сè и веднаш реагира: Како кинескиот робокап се бори против коронавирусот? (ВИДЕО)

Кога камерата го лоцира прекршокот, полицаецот на визирот автоматски може да го види сторителот, бидејќи бојата на екранот е црвена.

Во Кина, каде првично изби глобалната пандемија на коронавирусот, голем број на луѓе се вклучија во неговото сузбивање. Во првите редови, после медицинските работници, се најдоа и полицајците.

Една од нивните главни задачи, како дел од контролата на усогласеноста со рестриктивните мерки за борба против епидемијата, беше и сè уште, е да се контролира температурата на телото и симптомите на инфекцијата кај граѓаните.

Службениците првично тоа го правеа рачно со ласерски мерачи, за неодамна да добијат специјални шлемови кои се опремени со камери за термозивиска обработка, кои автоматски ја мерат температурата на луѓето на улица, дури и ако тие се движат во поголема маса.

Камерите можат да ги идентификуваат минувачите и веднаш да ги идентификуваат лицата со симптоми на растојание од 5 метри, поради што, иако епидемијата во Кина полека опаѓа, сега се користи за откривање на заразените лица кои ги прекршуваат правилата за самоизолација.

Кога камерата го лоцира сторителот, полицаецот на стаклото (визирот) може автоматски да види за која личност станува збор, бидејќи неговата / нејзината боја на екранот е црвена, додека кај другите лица не е. Системот ја чита температурата на телото на сите луѓе во видното поле на камерата.

Информациите за сторителот во реално време се обработуваат и се испраќаат до специјалните патроли, кои веднаш го отстрануваат назначеното лице од групата, а потоа го одведуваат на преглед.

Оваа современа технологија е развиена за употреба во борбата против криминалот, што досега се покажува како многу успешна, но сега се најде и за откривање на лица кои имаат симптоми на инфекцијата од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот