Главен пилот во МВР со фалц дозвола летал полициски хеликоптер?
Инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи (МВР) неколку години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола. Во тој период, според информациите што ги објави „Фокус“, со хеликоптерот се превезувале и високи политичари и министри.
Препорачано
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против него поради сомнение за „фалсификување исправа“ според Кривичниот законик.
Според пријавата, во периодот од 27 февруари до 10 април 2023 година, главниот пилот на Одделот за воздухопловни единици, незаконски впишал во својата дозвола за член на екипаж овластување за инструктор на хеликоптер од типот TRI BELL 206, иако не ги исполнувал условите. Наводно, овластувањето било прикажано како стекнато на 26 февруари 2020 година.
Случајот е доставен до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошната постапка, пишува Фокус.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
47мин
-
57мин
-
60мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


