„Главата ми паѓаше, очите ми се затвораа“: Сестрата на Мајли Сајрус била зависна од овој антидепресив

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Ноа Сајрус се отвори за нејзината зависност од лекот „Ксанакс“ и како успеала да се одвикне од антидепресивот. Во изјава за магазинот „Ролинг Стоун“, помладата сестра на поп-ѕвездата Мајли Сајрус изјавила дека првпат почнала да го користи „Ксанакс“ кога имала осумнаесет години. Сега има дваесет и две години.

„Моето момче во тоа време, кога имав 18 години, беше првиот човек што ми даде „Ксанакс“ и тоа стана начин да се поврземе“, изјавила младата пејачка родена во Нешвил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noah Cyrus (@noahcyrus)

„Мислам дека само сакав да се вклопам со него. Мислев дека е кул да се користат антидепресиви. Кога сфатив дека завосноста од овој лек ме натера постојано да се чувствувам опуштено и без стрес, веќе беше доцна, станав зависна“, рече таа.

Ноа се присетила на моментот кога толку многу била зависна од лекот што не можела да издржи и да присуствува на интервју кое било претходно закажано.

„Главата ми паѓаше, очите ми се затвораа, не можев добро да зборувам“, истакнала младата пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noah Cyrus (@noahcyrus)

Во август 2020 година, бабата на Ноа и Мајли починала, а таа цело време користела „Ксанакс“ и не можела да биде со семејството.

„Ми требаше време да прекинам да користам „Ксанакс“ и да ги пребродам анксиозноста и депресијата што следеа. Музиката ми помогна да закрепнам“, истакнала Ноа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот