Фото: mkd.basketball

Ѓуроски пред мечот со Азербејџан: Одиме на победа без разлика кој е на другата страна

Не играше во претквалификациите за Светскиот куп, но сега му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски на првиот тренинг пред она што е следно за најдобрата македонска кошаркарска репрезентација.

Почетокот на претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година за нашиот сениорски тим ќе биде „побогат“ со присуството на искусниот Стојан Ѓуроски.

А 34-годишниот кошаркар изрази задоволство што повторно е дел од тимот:

– Чувството е одлично. Задоволство е и гордост да се претставува Македонија. Не настапив на последните мечеви заради повреда, и убаво е што пак сме заедно. Мислам дека ни следи одлична атмосфера, да ги анализираме противниците и да се спремиме за следните два меча. Уште ги немаме гледано ривалите, но ние одиме на победа без разлика кој е на другата страна. Имаме три дена подготовки, но за сите е исто. Имаме неколку повратници во екипата, сме играле и со Вајли заедно, така што нема да имаме проблеми да се воиграме – рече Ѓуроски.

Натпреварот против селекцијата на Азербејџан, Македонија ќе го игра на 27 ноември од 19.00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот