Фото: mkd.basketball

Ѓорѓи Кочов во стручниот штаб на македонската кошаркарска репрезентација

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека е постигнат договор за ангажман на Ѓорѓи Кочов како асистент-тренер во стручниот штаб на сениорската машка репрезентација, предводен од селекторот Хозе Мариа Берокал.

Овој ангажман е дел од континуираните активности на Федерацијата насочени кон комплетирање на стручниот штаб и подигнување на професионалните стандарди во најдобрата национална селекција. Кочов важи за еден од најперспективните и најуспешни македонски тренери од помладата генерација, со богато искуство во младинските и сениорските категории, како и значајно меѓународно тренерско присуство.

По завршувањето на играчката кариера, тренерската ја започна во 2014 година, со исклучителни резултати во младинските селекции на Вардар, каде уште во првата сезона освои три шампионски титули.

Во текот на својата кариера, беше дел од стручните штабови на младинските репрезентации на Македонија, селектор на јуниорската репрезентација, како и тренер во МЗТ Скопје Аеродром, со кој го освои шампионскиот трофеј и настапи во финалето на АБА 2 лигата.

Последните неколку години е стандарден член на стручниот штаб на германскиот бундеслигаш Кемниц 99, екипа која со него како асистент-тренер ги оствари најголемите успеси во својата историја, вклучително и освојување на титулата во ФИБА Евро Купот во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот