Ѓорѓевиќ ќе го наследи Ласо на клупата на Реал Мадрид?
Александар Ѓорѓевиќ е еден од главните кандидати за нов тренер на Реал Мадрид.
Препорачано
Здравјето на Пабло Ласо кој минатата недела доживеа срцев удар ги натера челниците на Реал Мадрид полека да размислуваат за негов наследник и меѓу кандидатите се погласно се споменува името на Александар Ѓорѓевиќ.
Ѓорѓевиќ неодамна со Фенербахче ја освои титулата во турскиот шампионат и веднаш се раздели со екипата. Минатата година пак со Виртус Болоња стана шампион на Италија и овие успеси на српскиот стратег ги натера челниците на Реал Мадрид да размислат за негово ангажирање.
Процесот на опоравување по срцев удар и фактот дека тренерската работа е исклучително стресна, го доведе во прашање продолжувањето на кариерата на Пабло Ласо, кој на импресивен начин го водеше Реал во последните 11 години освои две титули во Евролигата и пет во шпанското првенство.
Доколку биде избран за нов тренер, тоа би значело враќање на Александар Ѓорѓевиќ во Мадрид. Тој дресот на Реал Мадрид го носеше од 1999 до 2002 година.
Во игра за наследник на Ласо е и актуелниот тренер на Баерн Минхен, Андреа Тринкиери.


