Ѓоковиќ убедливо до четвртфиналето на мастерсот во Рим

Новак Ѓоковиќ убедливо триумфираше над Станислас Вавринка/Рим, Италија/12 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Новак Ѓоковиќ на патот кон четвртфиналната фаза на турнирот во Рим (Италија) за 74 минути игра го совлада Станислас Вавринка.

Српскиот ас убедливо го елиминираше Швајцарецот со резултат 2:0 во сетови 6:2 и 6:2. Ова беше нивни прв меѓусебен дуел од грен слем турнирот „УС Опен“ во 2019 година.

Ѓоковиќ во првиот гем му го одзеде сервисот на Вавринка, а истото го направи и во седмиот кога поведе со 5:2.

На ист начин го отвори и вториот сет во кој Вавринка пружи нешто посилен отпор. Но, тој не можеше да го загрози фаворитот, иако врати еден од двата брејка кога намали на 4:2.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со Феликс Оже-Алијасим. Младиот Канаѓанец беше подобар од Американецот Маркос Гирон (6:3, 6:2).

Во другите мечеви: Де Минаур – А. Зверев 0:2, Хачанов – Циципас 1:2, Крајиновиќ – Синер 0:2, Гарин – Чилиќ 2:1. Познати се уште две четвртфинални двојки Синер – Циципас и Гарин – Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот