Ѓоковиќ по 100. трофеј: Хуркач можеби ми го подари клучниот брејк
Српскиот ас Новак Ѓоковиќ денеска во Женева, со победа над Хуберт Хуркач од 2-1 во сетови, го освои својот 100. АТП трофеј.
Препорачано
Полјакот подобро го отвори мечот и го освои првиот сет, но Ѓоковиќ, кој повторно покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња, успеа да се консолидира и по голема борба да дојде до триумф.
„Мораше многу да се работи за да се стигне до оваа бројка. Хуберт беше многу блиску до победа, а и јас имав свои шанси во првиот сет. Направив двојна грешка на сет-топка и мечот лесно можеше да тргне во друга насока. Се трудев само да останам фокусиран„ изјави Ѓоковиќ по финалето.
Српскиот шампион призна дека не е сигурен како го направил клучниот брејк во третиот сет, но потенцираше дека на вакво ниво сè се решава во неколку поени.
„Можеби ми го подари тој брејк, не знам. Но тоа е тенисот на ова ниво, мали нијанси одлучуваат. Атмосферата беше неверојатна и ми е многу драго што успеав да стигнам до „стотката“, додаде Ѓоковиќ.
Следен предизвик за светскиот тенисер број еден е настапот на Ролан Гарос, еден од најпрестижните Гренд слем турнири, каде што ќе се обиде да ја продолжи својата импресивна серија.


