ВИДЕО: Ѓоковиќ го совлада Вавринка за осминафинале на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Светскиот рекет број два Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на овогодинешниот „Вимблдон“ откако го совлада Швајцарецот Станислас Вавринка со 3:0 во сетови 6:3, 6:1 и 7:6 (5) за два часа и 10 минути игра.

Вавринка знаеше во своите најдобри денови од кариерата да биде тврд „орев“ за најдобриот тенисер во историјата, дури трипати исфрлувајќи го од грен слем турнирите.

Вавринка тоа го направи на Австралија Опен во 2014 година, потоа на Ролан Гарос во 2015 година и една година подоцна на УС Опен. Овие двајца тенисери имаат одиграно дури 26 мечеви, а ова им беше само прв на трева на Вимблдон.

Србинот сериозно го сфати својот ривал, од првиот поен одигра на високо ниво, а швајцарскиот тенисер не беше никаква закана.

За пласман во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркач кој со 7:6 (4), 6:4 и 6:4 го совлада Италијанецот Лоренцо Музети.

Кај мажите познати се уште три осминафинални двојки, Р. Сафиулин ќе игра против Д. Шаповалов, А. Рубљов против А. Бублик и Ј. Синер за ривал го има Д.Е. Галан.

Во женска конкуренција во осминафиналето ќе имаме чешки дуел помеѓу М. Вондрушова и М. Бузкова, потоа Американката Џ. Пегула ќе се соочи со Украинката Л. Цуренко, потоа В. Азаренка од Белорусија ќе игра против Е. Свитолина од Украина, а првата носителка И. Швјонтек од Полска за противничка ја има Б. Бенчиќ од Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот