Ги путер: Намирница што спаѓа во суперздрава храна

Ги Путер
Фото: Ivanna Grigorova / Panthermedia / Profimedia

Во мноштвото рецепти што сѐ повеќе се лансираат во последно време, сѐ почесто се среќава и терминот „Ги“ путер, намирница за која кај нас сѐ уште недоволно се знае, но може да се најде на полиците на супермаркетите.

Една од намирниците што ни нуди можност значително да го подобриме нашето здравје и да ја искористиме за позитивно да влијае врз целиот организам е „Ги“ путерот, односно маст.

Ова не е нова храна, ниту пак бескорисна измислица на маркетингот, која трговците сакаат да ја продадат по секоја цена, туку напротив, храна што со милениуми се користи во исхраната во одредени нации.

Познат е во природната медицина и во ајурведата, а веројатно сте слушнале од нашите баби за путер („Ги“ путер). Нашите предци биле запознаени со начинот на подготовка на овој путер и за неговата важност во исхраната. Пробајте ја оваа здрава и хранлива храна и ќе бидете воодушевени. Наскоро ќе ги почувствувате неговите здравствени придобивки ако редовно се најде на вашата маса.

„Ги“ путерот е по потекло од Југоисточна Азија и се користи најчесто во Индија и во Пакистан и има многу имиња. Тоа е прочистен путер (кај нас популарно наречен „маст“), односно путер без вода, протеини, заситени масни киселини, лактоза и други цврсти компоненти на млекото.

Се користи како замена за масла и други масти во секојдневното готвење, како намаз наместо путер, маргарин. Многу е погоден за пржење, бидејќи за разлика од другите масти, не се распаѓа на високи температури (неговата „точка на топење“ е над 250 степени Целзиусови) и го задржува својот природен вкус.

Кога се пржи на него зеленчук, има ненадминат вкус. Широко се користи во медицината и во козметиката, бидејќи има способност да ги апсорбира лековитите својства на растенијата и да ги зајакне.

Богат со лесно сварливи масни киселини „краток синџир“ и витамини А, Д, Е и К. Исто така, содржи 3 отсто линолеинска киселина, која е моќен антиоксидант и може да ја користат луѓе чувствителни на лактоза, бидејќи содржината на лактоза е отстранета со готвење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dietwisdom1

Лековитите својства на „Ги“ путерот

Го балансира вишокот на стомачна киселина, го подобрува варењето, влијае врз квалитетот на меморијата и учењето, го забавува стареењето на телото, го крева целокупниот имунолошки систем на телото. Кога се користи однадвор, ги смирува иритираните синуси (се нанесува на внатрешната страна на носот), кога се меша со мед ги лекува раните и ги смирува воспалителните процеси и плускавци, се меша и со билки (рузмарин, камилица итн.). Корисно е при масажа на чувствителна кожа.

Тоа е едно од лесно сварливите масти и нашето тело ја користи како извор на енергија, полека согорува и на тој начин го снабдува телото со енергија во текот на денот. Една лажичка „Ги“ (5 грама) содржи 45 калории, 0,0 грама протеини, 0,0 грама јаглехидрати, 0,0 грама влакна.

Како да направите „Ги“ путер:

Потребен ви е сад со дебело дно и 1-2 кг несолен путер. Ставете го путерот во садот и загревајте го на ниска температура, сѐ додека не се истопи. Потоа, можете да ја зголемите температурата. Кога путерот ќе зоврие, повторно намалете ја на минимум и оставете го путерот да се вари на ниска температура. Одвреме-навреме со лажица отстранете ја белата пена што се појавува на површината. По 40-50 минути ќе стане проsирен и ќе се ослободи фин мирис. Оставете го путерот да се излади. Процедете го низ газа во стаклена тегла. Кога целосно ќе се излади, затворете ја добро теглата. Може да се чува на собна температура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kimmu’s Kitchen (@kimmuskitchen)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот