Ги пиеме секој ден: Фармацевтот Енди Бојсан советува овие додатоци во исхраната да не се земаат на своја рака

unsplash
Фото: Unsplash

Милиони луѓе ширум светот земаат додатоци секој ден за да останат во форма и да го подобрат своето здравје. Но, не сите додатоци во исхраната се безбедни, и не сите од нив ќе ви ги донесат придобивките што ги рекламираат.

„Eat This, Not That“ ги наведува додатоците за кои фармацевтот Енди Бојсан вели дека никогаш не треба да ги користите без претходни да направите соодветни анализи и да се консултирате со лекар.

Витамин А

Треба внимателно да се следи внесот на витамин А, особено кај постарите лица. Иако витаминот А е добар за видот и го подобрува имунолошкиот систем, тој исто така може да го зголеми ризикот од остеопороза.

Се разбира, нашите коски природно слабеат со возраста, но процесот може да го забрза губењето на коскената маса и да ги направи покршливи. Потоа следуваат години на болка, тешкотии при движење и слабост што доведува до губење на независноста.

Калциум

Д-р Бојсан вели дека калциумот е корисен за здравјето, цврстите заби и одржувањето на тежината, а сето тоа се проблеми со кои се соочуваме низ годините.Додатоците на калциум, од друга страна, би можеле да бидат ризични за оние над 50 години. Тие би можеле да бидат изложени на ризик од срцев удар, ризик што сепак доаѓа со возраста.

Мултивитамини

Фармацевтот д-р Пана Нинан вели дека мултивитамините можат да го компензираат недостатокот на клучните минерали и витамини кои ни недостасуваат во исхраната. Проблемот со мултивитамините е што се вештачки. Тие се создадени да имитираат природни витамини и минерали. Синтетичките витамини не се апсорбираат толку добро како природните. Повеќето од она што го плаќаме во мултивитамини не се апсорбира, туку само поминува низ телото. Секогаш е подобро да го добивате вашиот дел од витамини од вистинска храна.

Кантарион

Д-р Бојсан вели дека чајот од кантарион или неговите додатоци може да ги ублажи симптомите на депресија, проблеми со белите дробови и бубрезите.Меѓутоа, кога се комбинираат со некои лекови, антидепресиви, исходот може да биде фатален бидејќи серотонин се зголемува на опасно ниво. Постарите лица треба да побараат стручен совет пред да земат кантарион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот