Ги одби Лил и Бордо, Адеми ќе ја прифати понудата од Шпанија!?

ffm.mk

Македонскиот репрезентативец е еден од клучните играчи во редовите на Динамо Загреб кој ги држи конците на играта на хрватскиот фудбалски гигант.

Аријан Адеми (28) во последните две сезони ја одбиваше опцијата за заминување од „Максимир“ иако имаше атрактивни понуди, а според хрватските медиуми дојде уште една од Шпанија.

Како што пренесува „tportal.hr“, минатото лето Лил имаше намера да го ангажира нашиот интернационалец, но Хрватите не беа заинтересирани за понудите на француската екипа.

Имаше барем уште две или три понуди од Лил, секоја беше уште побогата, но Адеми не инсистираше на разделба со „модрите“. И Бордо беше во трката за неговиот потпис, но едноставно на македонскиот репрезентативец во тие моменти не сакаше трансфер во земјата на светските фудбалски шампиони.

После допингот поради кој долго паузираше, се врати уште подобар и посилен, го водеше Динамо прво Лига Европа, а оваа сезона и во Лигата на шампионите.

Шпанските медиуми информираат дека Бетис од Севиља го гледаат Адеми како долгорочено решение во средниот ред и дека би можел да си замине уште оваа зима во топлата Андалузија.

Проблем во Бетис е повредата на Вилијам Карваљо (27) кој на позицијата дефанзивен играч за врска требаше да го менува ветеранот Хави Гарсија (33). Никој не знае кога Карваљо ќе се врати на теренот, па Македонецот би можело да биде како засилување во ротацијата.

За Адеми би било веројатно да се одвојат 10 милиони евра, некоја погорна граница која би ги задоволила клупските челници и самиот капитен на „модрите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот