Кристално Јајце - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ги надмина очекувањата: Кристално јајце изработено за руски цар продадено за неверојатни 30,2 милиони долари на аукција во Лондон

На аукција организирана од куќата „Christie’s“ во Лондон беше продадено прочуеното Фабержеово „Зимско јајце“ за дури 30,2 милиони долари, иако беше проценето на нешто повеќе од 26 милиони. Јајцето било изработено во 1913 година за рускиот цар Николај втори како велигденски подарок за неговата мајка Марија Фјодоровна, пренесува „Њујорк тајмс“.

Творец на јајцето бил Петер Карл Фаберже, дворскиот златар на руското царско семејство Романови и најпознатиот мајстор на луксузните царски јајца.

Фабержеовото „Зимско јајце“ е еден од најпознатите и најлуксузни предмети што ги создал Петер Карл Фаберже, прочуениот руски златар кој работел за царското семејство Романови. Царот Николај втори го нарачал ова јајце во 1913 година како посебен велигденски подарок за неговата мајка Марија Фјодоровна.

„Денешниот резултат поставува нов светски аукциски рекорд за дело на Фаберже и ја потврдува трајната важност на ова ремек-дело“, изјави Марго Оганесијан, раководителка на одделот за руска уметност, неколку минути по завршувањето на наддавањето.

Јајцето е изработено од планински кристал и украсено со повеќе од 4.500 дијаманти. Надворешната страна е украсена со платина во форма на снегулки и мраз, а кога ќе се отвори, внатре се наоѓа мала корпа со пролетни цветови – симбол на надеж и нов почеток, што традиционално се поврзува со Велигден.

Ова јајце е исклучително ретко и, според експертите, се смета за едно од најубавите и највредните дела на Фаберже. Го дизајнирала Алма Пил, една од ретките жени дизајнерки кои работеле во Фабержеовата работилница.

Покрај ова јајце, за време на аукциите од „Classic Week“ беа претставени и други вредни уметнички дела, како сликата „The Flute Player“ од холандскиот мајстор Герит Дау и графика на Рембрант.

Претходно, истото јајце било продавано во 1994 година во Женева и во 2002 година во Њујорк поставувајки рекорд, а во 2002 година достигнало цена од 9,6 милиони долари.

 

 

Кристално јајце направено за руски цар оди на аукција, се очекува да достигне цена од 26,4 милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот