Ги брише подочниците како од шега: Верувале или не, холивудските шминкери користат црвен кармин за тоа!

Подочниците се болка на многу дами, а некогаш дури ни сите трикови на овој свет- замрзната лажичка чај, коцки мраз, краставици на очите, квалитетни серуми, скапи креми – не можат да ни помогнат да ги отстраниме или намалиме. Тогаш на помош ни доаѓа „мејкап кејк“, со кој нема грешка!

Добриот коректор и пудрата вредат злато, но уште една ситница од женскиот несесер е неопходна за прикривање на темните подочници.

Станува збор за црвениот кармин, верувале или не! Сè што треба да направите е малку црвен кармин да нанесете со четкичка за сенка во пределот околу подочниците, потоа на капаците. Со сунѓерче или со прсти размачкајте го карминот, потоа оставете го неколку минути да отстои.
Потоа врз тоа нанесете коректор кој секако го користите, а потоа темелно сè втапкајте, односно измешајте, додека не добиете изедначена боја на тенот. На крајот нанесете и подлога, односно течна пудра.

Подочниците би требало едвај да се забележуваат, а во овој трик се колнат и славните шминкери кои објаснуваат дека има неверојатен ефект, така што црвеното руменило потполно ја впива темната боја под очите.

Сепак, имајте на ум дека ова не е практично решение за целиот ден, туку се советува трикот да го применувате само за посебни случувања, односно за оние кои сакаат совршена шминка на три-четири часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот