За Германија, Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска.
Препорачано
„Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија“, истакна Баербок денеска по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.
Таа додаде дека разузнавачки информации сугерираат дека ракетите биле на украинската воздушна одбрана, која реагирала на низата воздушни напади врз украинските градови.
„Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО“, истакна Баербок.
Врз полското село Пжеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, вчера паднаа две ракети, при што загинаа двајца луѓе.
Полските медиуми објавија снимка од местото на ударот, во селото Пжеводов, на границата со Украина.
Footage from the impact site in Poland pic.twitter.com/56Hqi7GbSB
— Faytuks News Δ (@Faytuks) November 15, 2022
По нападот неименуван американскиот разузнавач за АП истакна дека ракетите кои паднаа во полското село се од руските напад врз Киев.
Веднаш по оваа информација се јави Кремљ кој соопшти дека дека руските ракетни напади во Украина биле на не поблиску од 35 километри од полската граница, а експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета за противвоздушна одбрана.
Кремљ обвини дека некои западни земји, особено Полска, реагирале „хистерично“ на инцидентот, но рече дека САД и претседателот Џо Бајден покажале воздржаност.
За инцидентот се произнесе и претседателот Бајден кој кажа дека според првичните информации, можно е проектилите да не се истрелани од Русија.
ВИДЕО: Руски ракети паднаа во Полска? Има загинати – НАТО на готовс


