ВИДЕО: Руски ракети паднаа во Полска? Има загинати – НАТО на готовс

Фото: Твитер /

Две ракети денеска паднаа во село во Полска, при што загинале двајца луѓе, а неименуван висок претставник на американското разузнавање, во изјава за агенцијата АП рекол дека се работи за руски проектили, дел од денешните масивни руски напади врз цели во Украина, јавија светските медиуми.

Полските медиуми објавија снимка од местото на ударот, во селото Пжеводов, на границата со Украина.

Американскиот разузнавач за АП вели дека ракетите се од денешниот руски напад врз Киев. Двете жртви се потврдени од полските власти.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер веднаш не ја потврди информацијата од висок американски разузнавач, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителната природа на ситуацијата. Но, Мулер рече дека највисоките лидери на земјата одржуваат итен состанок поради „кризна ситуација“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Русија во денешниот напад истрелала најмалку 85 проектили, „повеќето од нив кон нашата енергетска инфраструктура“, што предизвикало прекин на струјата во многу градови.

Портпарол на Пентагон изјави дека засега немаат информации за да го потврдат медиумските извештаи, но дека „ги сфаќаат сериозно и ги разгледуваат“. НАТО има принцип на колективна одбрана, што значи дека нападот на една членка се смета за напад врз сите земји-членки на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот