Германските педијатри предупредуваат: Здравите деца не треба да избегнуваат глутен

печива

Во денешно време полиците на супермаркетите се преполни со различни видови храна. Дел од таа храна во својот состав содржи глутен, а дел од неа е безглутенска храна.

Со оглед на тоа дека во последно време, кај повозрасните, а особено кај децата, појавата на алергиски реакции од глутен е сè почеста, родителите во обид да спречат појава на ваков вид алергија кај своите деца, и покрај тоа што тие се здрави, свесно избегнуваат да им даваат храна што содржи глутен.

Предупредување

Токму ваквата појава на избегнување на јадење храна што содржи глутен од страна на оние што немаат алергија е погрешна, особено кога станува збор за децата, предупредуваат германските педијатри.

Доколку децата страдаат од алергиски реакции на глутен, многу нормално е дека треба да избегнуваат ваква храна, но никако не треба да ја избегнуваат здравите луѓе, особено не децата и сето тоа за да се спречи наводна појава на одредени алергиски реакции.

Храна без глутен

Доколку децата или возрасните имаат дијагноза дека страдаат од одреден тип алергиска реакција на глутен, нормално е да се избегнува целата храна што го содржи, но доколку станува збор здрави личности, не постои причина за загриженост и потреба да се избегнуваат одредени типови храна.

Храната без глутен многу често во својот состав содржи поголем процент маснотии, споредбено со храната во која има глутен. Покрај тоа безглутенската храна содржи и поголеми количини сол и шеќер, а помало количество витамин Б, фолна киселина како и други исклучително важни нутритиенти за нашиот организам.

Придружни појави

Токму поради овие причини, децата што немаат никаква алергиска реакција од глутен е исклучително важно да јадат секаква храна, бидејќи доколку консумираат исклучиво храна без глутен, таа кај нив може да предизвика многу придружни појави, меѓу кои лош сон или зголемување на телесната тежина.

Покрај тоа, внесувањето на витаминот Б во организмот овозможува телото да добива енергија, да го зголеми бројот на црвени крвни зрнца, кои пак имаат главна улога во разнесувањето на кислородот во нашиот организам.

Фолната киселина исклучително важна за трудниците бидејќи помага во спречување на појава на деформитети кај плодот.

Сите оние што консумираат безглутенски производи без препорака од лекар, свесно ризикуваат да внесуваат доволно растителни влакна во организмот, кои се исклучително важни за добро варење на храната и за редовна столица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот