1 C
Скопје

Германските научници предупредуваат на прекумерна еуфорија за вакцината против Ковид-19

Експертите од германскиот државен Епидемиолошкиот институт Роберт Кох денеска предупредија на прекумерната еуфорија поради вакцината против Ковид-19, истакнувајќи дека поради разни неопходни проверки вакцинацијата би можела да потрае и подолго од една година.

– Ќе ни треба време за прецизна анализа за пуштање на вакцината и дури потоа ќе дадеме свое мислење, а потоа ќе уследи испорака на вакцината, изјави претседателот на Постојаната комисија при Институт Роберт Кох,Томас Мертенс.

Претседателот на Комисијата, која во Германија дава препорака за вакцините нагласи дека вакцинацијата на Германците можеби ќе трае целата следна година.

– Не можеме да извршиме вакцинација за една година: ако дневно, пет или шест дена неделно вакцинираме од 150.000 до 200.000 граѓани, секако под услов да имаме вакцини, доаѓаме до заклучок дека за 15 милиони граѓани потребни ни се 100 дена, истакна Мертенс.

Прочитајте и...  Се зголемува бројот на граѓани опфатни со енергетска сиромаштија

Според анкетите над 50 проценти од 83 милиони Германци се подготвени да се вакцинираат против Ковид-19.

Вакцината во Германија нема да биде задолжителна.

Извор:МИА

Поврзани вести

САД разочарани од бугарското вето за Македонија, амбасадорката Брнз зборуваше за причините

Слободен печат

Општина Центар усвои Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

Слободен печат

Португалија иако во „локдаун” ќе избира нов претседател

Слободен печат

Царовска: Со новите образовни програми да ги поттикнеме најмладите критички да размислуваат и да фатат чекор со нивните врсници во најразвиените земји

Слободен печат

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Извлечени седум од 22 кинески рудари затрупани пред две недели

Слободен печат

СДСМ: Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте

Слободен печат

Остави Коментар