Германскиот вицеканцелар вели дека АфД планира да ја претвори Германија во диктаторска држава

Роберт Хабек/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек изјави дека екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) планира да ја трансформира Германија во авторитарна држава слична на Русија, пишува Гардијан. Притоа индиректно ја поддржа забраната на партијата.

Една недела откако се дозна дека членовите на партијата присуствувале на состанок на кој се разговарало за масовни депортации, наводно на германски државјани, Хабек рече дека опасноста што партијата ја претставува за демократијата била сериозно потценета.

На петтата ноќ од протестите против АфД, десетици илјади луѓе излегоа на улиците на германските градови. Се чини дека Хабек ја поддржува забраната на партијата, но во исто време го нагласува ризикот од потегот. „Потегот би предизвикал огромна штета доколку биде неуспешен. Затоа, доколку биде лансиран, сигурно мора да помине на суд. Треба внимателно да се разгледа“.

Одлуката за забрана на партијата е пред германскиот Уставен суд. „Пречките за забрана се, како што треба, многу високи“, продолжува Хабек. „Ќе беше многу подобро ако АфД беше демократски поразена на изборите“, додаде тој. „Десните радикали се лицемерно загрижени за напад на суштината на демократијата“, рече Хабек. „Тие сакаат да ја претворат Германија во земја како Русија и систематски се подготвуваат за тоа“, додава тој.

Во текот на изминатата недела, медиумите и политичките набљудувачи испитуваа докази за тоа кој бил меѓу членовите на АфД на собирот во Потсдам во ноември.

ВИДЕО | Масовни протести низ Германија против екстремно десничарската АфД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот