Германскиот канцелар Шолц најави средби со Вучиќ и Курти

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/Michele Tantussi / POOL

Германскиот канцелар Олаф Шолц идната недела ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого ќе разговара за актуелни теми поврзани со војната во Украина, економската состојба и билатералните односи.

„Главните теми на разговор ќе бидат руската војна против Украина, како и билатералните, економските и регионалните прашања“, најави портпаролот на германскат Влада.

Тоа ќе биде прва средба на Вучиќ со новиот германски канцелар Шолц. Минатиот месец шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок ги посети Белград и Приштина.

Во истиот ден, Шолц ќе има средба и со премиерот Косово, Албин Курти, јавија медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот