Германски воен брод по 20 години повторно вплови во Јужното Кинеско Море

воен брод
Воен брод, илустрација / Фото: Профимедиа

Германски воен брод денеска вплови во Јужното Кинеско Море за првпат по речиси 20 години, придружувајќи им се на другите западни земји во зајакнувањето на своето воено присуство во регионот, додека Кина се повеќе ги демонстрира своите територијални амбиции, пишува Ројтерс.

Кина го истакнува своето право на речиси целото Јужно Кинеско Море, и покрај пресудата на меѓународниот суд дека Пекинг нема правна основа за такви тврдења, и изгради воени пунктови на вештачки острови во тие води богати со риби и гас.

– Фрегатата „Баерн” на германската морнарица го започна транзитот низ Јужното Кинеско Море на пат кон Сингапур, кој ќе трае неколку дена, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин.

Тоа е првиот германски воен брод што влезе во Јужното Кинеско Море од 2002 година, преку чии води се транспортираат околу 40 отсто од надворешната трговија на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот