Германски пензионер заврши на суд, бидејќи во својот дом чувал тенк од Втората светска војна

тенк свадба
Фото Фејсбук

Правниците во Германија расправаат за тоа како да постапат со пензионерот (84) кој во својот подрум чувал тенк, противавионска пушка и торпедо од Втората светска војна.

Тенкот „Пантер“ беше отстранет од подрумот на куќата на северот на Германија во градот Хајкендоф во 2015 година, пишува Би-Би-Си.

Обвинителите и бранителите сега преговараат за можни казни, вклучително условна казна и парична казна до 500.000 евра.

Според адвокатот на обвинетиот, Американскиот музеј е заинтересиран за купување на тенкот „Пантер“.

Многу историчари тврдат дека тоа било најефикасното возило што го користела Германија за време на Втората светска војна.

Адвокатот исто така рече дека голем број германски колекционери контактирале со обвинетиот поради други предмети, вклучително и пушки и пиштоли.

На судското рочиште во понеделникот во градот Кил, околу 100 километри северно од Хамбург, адвокатите се обидоа да утврдат дали воената колекција го крши германскиот Закон за контрола на оружјето.

Одбраната тврди дека многу оружја веќе не се функционални и дека „Пантер“ е купен како отпад, и размислува да прифати казна од 50.000 евра.

Во јули 2015 година, околу 20 војници цели девет часа го извлекуваа „Пантерот“ од имотот.

Следното рочиште е закажано за во среда, а пресудата се очекува следниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот