Германија се заканува со повлекување од Евровизија 2026. ако Израел биде исклучен од натпреварот: „Тој таму припаѓа“
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Германија треба да се повлече од натпреварот Евровизија 2026 соколку Израел биде исклучен од натпреварувањето. Во изјава за германската телевизија „АРД“, Мерц остро реагираше на шпекулациите дека Европската радиодифузна унија (EBU) разгледува можност за забрана на учеството на Израел на следното издание на Евросонг.
Препорачано
„Мислам дека е скандалозно што воопшто се расправа за ова. Израел таму припаѓа“, истакна Мерц, додавајќи дека би ја поддржал одлуката Германија доброволно да се повлече доколку Израел биде исклучен.
Реакцијата на германскиот канцелар доаѓа во време на зголемени политички тензии и поделби во врска со учеството на Израел на Евросонг. Неколку земји, меѓу кои Шпанија, Ирска, Холандија и Словенија, веќе јавно изразија можност за бојкот ако Израел повторно се најде на сцената на музичкото натпреварување.
Европската радиодифузна унија (EBU), која го организира Евросонг, најави вонреден состанок на Генералното собрание во ноември, на кој ќе се гласа за учеството на Израел на Евровизија 2026.
Дебатата околу политичката димензија на музичкото натпреварување повторно ја отвори прашањето – каде е границата меѓу културата и геополитиката?


