Фото: EPA/Iris van den Broek

Германија против Норвешка за светската титула во Ротердам

Германската и норвешката женска ракометна репрезентација ќе играат во финалето на 27-то Светско првенство, денеска од 17.30 часот.

Во полуфиналето во Ротердам, Германија ја совлада француската репрезентација, со 29:23, и по 18 години обезбеди светски медал. Во второто полуфинале, Норвешка ја надигра Холандија со 35:25.

Норвешката женска репрезентација е официјален европски и олимписки шампион, и ќе игра за својата петта титула светски шампион.

Германија последен пат го освои шампионскиот трофеј во 1993 година во Норвешка. Двете репрезентации дојдоа на натпреварот за трофејот со максимален учинок.

Последен пат овие две репрезентации се сретнаа на Светското првенство во Јапонија во 2019 година, кога Норвешка победи со 32:29 во групната фаза од второто коло.

Франција и Холандија ќе играат за бронзениот медал од 14.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот