Германија преку Словенија обезбеди пласман на ОИ, Хрватска блиску до Токио

epa08960682 Croatia's Ivan Cupic (R) in action during the Main Round match between Argentina and Croatia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 23 January 2021. EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat / POOL

Ракометната репрезентација на Германија оствари убедлив триумф над Словенија од 36:27 и обезбеди пласман на олимпискиот ракометен турнир. Германија во првото коло од групата 3 одигра нерешено против Шведска и со денешниот триумф над Словенија си обезбеди едно од првите две места на табелата кои носат пласман на Олимписките игри во Токио.
Во последното коло Германија игра со аутсајдерот Алжир, додека Словенија на Игрите во Токио ја носи единствено победа над Шведска.

На чекор до Олимписките игри е и Хрватска која по вчерашниот пораз од Франција, денеска во натпревар исполнет со пресврти успеа да ја совлада Португалија со 25:24 во директен дуел за второто место. Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ со девет постигнати гола беше најзаслужен за триумфот на „коцкестите“.
Селекцијата на Бразил со победата од 30:24 над Јужна Кореја се доведе во позиција со утрешен триумф над Чиле да обезбди пласман на Игрите во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот