Германија ќе инвестира 86 милијарди евра во железничка инфраструктура

Компанијата игра важна улога во настојувањата на германската влада да ги оствари зацртаните климатски цели.

Германската влада во следните 10 години ќе инвестира 86 милијарди евра во проекти во железничката инфраструктура.

Договорот го потпишаа Владата и жечезничката компанија Дојче Бан, а 62 милијарди евра ќе ги осигура државата, додека останатите 24 милијарди ќе ги вложи самата компанија.

Парите се наменети за одржување и модернизација на германската железница, а целта да е Дејче Бан да стане поточна, поефикасна и подобра. Компанијата игра важна улога во настојувањата на германската влада да ги оствари зацртаните климатски цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот