Борис Писториус/ Фото Droese / imago stock&people / Profimedia

Германија бара зголемување на санкциите против Русија и поголема воена поддршка за Украина

Западот мора да ги зголеми санкциите против Русија, како и воената поддршка за Украина, откако Русија не се согласи на моментален прекин на огнот во понеделникот, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

„Потребни се понатамошни чекори во однос на санкциите, како и дополнителна поддршка за Украина, бидејќи (рускиот претседател Владимир) Путин, како што се очекуваше, се однесува како и обично во таква ситуација“, изјави Писториус пред новинарите во Берлин, според Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот