Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германија: 10.976 позитивни на ковид-19 во последните 24 часа, починаа 348 лица

Во Германија се регистрирани нови 10.976 новозаразени со коронавирус, со што број се зголеми на 1,65 милиони, додека бројот на смртни случаи надмина 30.000, објави Националниот центар за контрола на болести Институтот „Роберт Кох“.

Според податоците на Институтот, во последните 24 часа биле евидентирани уште 348 смртни случаи, па вкупниот број се зголеми на 30.126.

Бројот на новоинфицирани е значително помал отколку пред една недела, но и бројот на тестирани е помал.

Германските здравствени власти претходно објавија дека властите ќе ги објават резултатите од тестовите побавно за време на божикните празници.

Германија имаше релативно ниска стапка на смртност во првата фаза од пандемијата, но во последните неколку недели бележи стотици смртни случаи на ден. Од европските земји, Италија, Велика Британија, Франција и Шпанија сè уште имаат поголем број смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот