Германец е уапсен за планирање терористички напад

Фото: Архива

Германски државјанин е уапсен на границата со Франција под сомнение дека сакал да купи огнено оружје за да се подготви за исламистички терористички напад, објавија денеска германските власти.

Обвинителството на германската провинција Баден-Виртемберг објави дека 21-годишник, чие име не е објавено, бил приведен во четвртокот кога се обидел да влезе од соседна Франција, каде што живее, објави АП.

Германската државна полиција и специјалисти од единицата за тактички одговор биле вклучени во операцијата, соопштија обвинителите.

Германските власти соопштија дека осомничениот наводно припаѓа на „радикалниот исламски спектар“ и дека добил неколку упатства за изработка на импровизирана бомба и запалива направа, како и како да ги сподели со други, пренесува Танјуг.

Тој беше на пат кон Германија да купи автоматска пушка, додаваат обвинителите.

Полицијата му ги заплени мобилниот телефон и парите на младиот човек, кои тој наводно имал намера да ги користи за да купи оружје, а неговата куќа во германскиот град Кел била претресена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот