Германците реагираа на бурната изјава на хрватскиот селектор пред полуфиналето на ЕП
Хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон бурно реагираше кон ЕХФ поради катастрофалните услови и распоредот на тековното Европско првенство во ракомет, што се игра во Норвешка, Данска и Шведска. Новинарот Иван Форјан, објави фотографија на хрватските ракометари како спијат на подот од автобусот за време на петчасовното патување од Малме во Шведска до Хернинг во Данска, само еден ден пред полуфиналниот дуел со Германија (петок, 17:45).
Препорачано
На прес-конференцијата, Сигурдсон имаше жесток настап во кој јасно го искажа своето незадоволство:
„Немав време да размислувам за натпреварот. Дојдовме во Хернинг во 14:30, а потоа веднаш морав да дојдам овде. Апсурдно е. Не сме сместени близу до салата. Патував 35 минути за овој циркус, а потоа ќе морам 35 минути назад. Кога ќе се вратам, ќе биде 18 часот.“
На конференцијата за медиуми, покрај хрватските претставници, присуствуваа и германски новинари. Реномираниот весник „Билд“ реагираше на ваквиот настап на Сигурсон објавувајќи: „Неочекуваната и бесна реакција на Сигурдсон пред големиот дуел со Германија.“
Германскиот ракомет со нетрпение го очекуваше полуфиналето на Европското првенство. На патот кон финалето, во петок во 17:45, на нивниот ривал ќе им се спротивстави Хрватска со Дагур Сигурдсон, човекот што токму Германија ја водеше до титулата во 2016 година.
ФОТО | Хрватите бесни на организаторот на ЕП: Пред полуфиналето морале да спијат во автобус


