фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Гери Невил го посочи главниот проблем на Манчестер јунајтед по поразот од Арсенал

Фудбалерите на Манчестер јунајтед итно имаат потреба од нов голман, изјави легендарниот дефанзивец Гери Невил по поразот на „Црвените ѓаволи“ од Арсенал со 1:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ примија гол по грешката на Алтај Бејиндир во првото полувреме:

– Манчестер јунајтед има огромен проблем што не може да го игнорира. Им треба нов голман. Треба брзо да дејствуваме по ова прашање. Бев во Манчестер јунајтед 20 години и имавме големи играчи како Питер Шмајхел и Едвин ван дер Сар на голот во тој период. Меѓу нив, тие сменија околу шест голмани и знам колку се немирни играчите кога немаат доминантен чувар на мрежата во шеснаесетникот. Голман кој излегува, ги фаќа сите високи топки и одбранува. Да реагира кога одбраната прави грешки – изјави Невил за поткастот „Гери Невил“, цитиран од „Скај Спортс“.

Невил ги одвои Емилијано Мартинез и Џанлуиџи Донарума како добри варијанти за Јунајтед:

– Немам поим како им оди во однос на финансискиот фер-плеј, но ако мораат, треба да направат нешто. Им требаат повеќе пари и нов голман во следната недела или две, или некој на позајмица. Последните споменати имиња се Емилијано Мартинез и Џанлуиџи Донарума. Тие би му одговарале на Јунајтед не затоа што се меѓу најдобрите во светот, туку затоа што имаат карактер. Менаџерот Рубен Аморим речиси има тим што може да направи нешто, но проблемот со голманите треба да се реши. Во спротивно ќе примаат голови и ќе губат бодови – рече аналитичарот на Скај Спортс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот