Љубчо Георгиевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Георгиевски: Верувам дека изјавата “северномакедонски” на Чамова е логична грешка и ќе биде поправена

Верувам дека изјавата “северномакедонски” на новата министерка Чамова е логична грешка која претходно ја имаме чуено од стотина меѓународни дипломати и аналитичари и ќе биде поправена- пишува Љубчо Георгиевски на Фејсбук.

Но вистинскиот проблем е во тоа што го читам на бугарските социјални мрежи и дел на медиуми кои жестоко ја бранат.
1.Тоа е за жал непотребен говор на омраза кој е остаток од времето на ветото кога го имаше во голема количина.
2.Како што со ветото Бугарија го презема гневот од Германија и Франција кои три пати го одложија приемот во ЕУ така сега го презема гневот на Македонците од Грција чија специјалност е името.
3.Името Македонец,македонско секогаш било присутно во бугарската историска литература дури било и синоним.Денеште бугарски патриот успеаа да престават пред меѓународната заедница дека тоа се две најнепријстелски народа.
4.Крстоносната војна што ја водат некои бугарски аналитичари против името Македонец,македонски е еден од најголемите автоголови во бугарската идеолошка историја.
5.Додека србската политка го достига својот врв на србизацијана Македонија после ветото, бугарската се радува на ситни победи во документи и извештаи.
6.Конечно после сто и петнаесет години порази од србите во Македонија време е да почнете да учите од нив- стои во статусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот