Георгиевски е новото десно крило на Вардар

гоце георгиевски
Десното крило на македонската ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нашиот „Џомба“ прифати договор на две години и македонскиот репрезентативец ќе му прави друштво на Иван Чупиќ.

Ново име меѓу „црвено-црните“ после Филип Талески, Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Робин Кантегрел.

Од следната натпреварувачка сезона (2020/21) дресот на ракометниот клуб Вардар ќе го носи Гоце Георгиевски (33).

Како што информира „Вардар фанс“ договорот е на две години и ќе му прави друштво на искусниот хрватски интернационалец Иван Чупиќ.

Македонското репрезентативно крило од 2016 година ги бранеше боите на романската екипа ЧСМ Букурешт.

Во својата клупска кариера на нашиот „Џомба“ играше уште во Автокоманда за РК Металург и францускиот Феникс Тулуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот