Георгиев: Вардар е како Левски и ЦСКА

фото: вардар фанс

Бугаринот, како претставник на конзорциум од Источна Европа, можно е да го превземе скопскиот клуб.

Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев истакна дека навистина има контакти со ФК Вардар.

Пред неколку дена се појавија информација дека Бугаринот, како претставник на конзорциум од Источна Европа, можно е да го превземе скопскиот клуб.

Доста од моите пријатели во Македонија ми раскажаа за традициите во Вардар. Вардар е како Левски и ЦСКА, со голем број на навивачи и е најпопуларниот клуб во Македонија. Во основа, не сакам да зборувам за нешто што не се случи. Сè уште ништо не е готово. Се надевам дека со моите партнери ќе помогнеме – рече Георгиев за „Нова телевизија“.

Во својата кариера Георгиев како играч ги бранеше боите на Славија Софија, Депортиво Алавес, Црвена звезда, Дуизбург, Терек Грозни, Амкар Перм, Рубин Казан и Оренбург.

ФФМ во текот на вчерашниот ден прогласи крај на сезоната во првенството и Купот, но немаше објавено за прогласување на победник во Првата лига. ФК Вардар кој водеше со голема бодовна предност пред второпласираниот Силекс се надева дека ќе биде промовиран во шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот