Заменик капитенот на Вардар и објасни на ФФМ зашто „црвено-црните“ треба да ја добијат титулата

Фото: ФК ВАРДАР

Одлуката на УО на ФФМ за прекин на првенството без прогласување на шампион и без испаѓање, највеќе ги шокира вардарци кои до прекинот на првенството поради пандемијата на коронавирусот беа лидери на табелата со десет бода предност пред второпласираниот Силекс.

Заменик капитенот на Вардар, Владица Брдаровски, ва својот Фејсбук профил, и објасни на ФФМ зашто при прекинот на првенството требаше да биде прогласен и шампион, а не да се „вадат“ дека немало доволно одиграни натпревари.

„Согласно прекинот на првенството и од страна на ФФМ и по наши сознанија за не прогласување на првак во Првата Македонска Лига, како заменик капитен и играч на ФК Вардар сакам да образложам неколку факти.
Имено, пред прекинот на првенството требаше да се одиграат вкупно 36 натпревари.

По прекинот Федерацијата донесе одлука за одигрување на уште 9 кола до крај на првенството или вкупно со одиграните 23 да бидат 32 кола.
По неофицијалното образложение на ФФМ дека првенството е важечко ако се одиграат повеќе од 70% од натпреварите, сакам да истакнам дека по донесувањето на одлуката за рестарт на првенството односно одигрување на вкупно 32 натпревари, со денешниот прекин на првенството се одиграни повеќе од 70% од натпреварите.

Ако првенството се прекине и не се прогласи шампион тогаш како може да има влез во Прва лига?

Без никаква навреда кон Пелистер мојот матичен клуб, со најголем респект и Беласица , кој повеке од заслужено се на првото место на табелата, меѓутоа во Втората Лига се немаат одиграно ниту 50% од натпреварите, а сепак првите две места од Лигата Исток и Запад ќе влезат во првата македонска фудбалска лига.

На пример во Холандија го прогласија првенството за завршено ама немаше ниту испаѓање ниту влегување.

Во Франција одиграни се 71.05% од натпреварите ПСЖ беше прогласен за шампион.

Во Белгија се одиграни 72% од натпреварите и Клуб Бриж е прогласен за шампион.

Во Шкотска е прогласен Селтик за шампион иако Глазгов Ренџерс има теоретски шанси за титула и натпревар помалку.

Во Босна екипата на Сараево е прогласена за шампион со 67% одиграни натпревари тука се и Кипар и други земји кои го завршија првенството поради пандемијата на Корона вирусот…

За крај, апел до Фудбалската Федерација на Македонија пред да донесат конечна одлука да ги земат во предвид сите факти и да го прогласат ФК Вардар за шампион во Македонија за сезона 2019/20 година.

Сите играчи, стручен штаб, вработени лица во Академијата на Вардар, тренинг кампот на Вардар, администрација на Вардар и сите останати кои се дел од Вардар заслужија да бидат наградени со трофеј (пехар) за се што направивме оваа година, иако имавме и имаме сеуште проблеми гордо, со сето срце, со максимална посветеност, со огромна желба ја одработивме сезоната во која заслужено сме прваци на Македонија.

Не ни го одземајте правото на радост, не не вознемирувајте, не во овие тешки денови, не ни внесувајте гнев на нас и на големата армија на навивачи КОМИТИ и достоинствено прогласете не за ПРВАЦИ НА МАКЕДОНИЈА!
Црвено црната љубов нема да престане!
Неможеш да уништиш нешто што не умира!“, напиша Брдаровски на својот Фејсбук профил.

Согласно прекинот на првенството и од страна на ФФМ и по наши сознанија за не прогласување на првак во Првата Македонска…

Publiée par Vladica Brdarovski sur Jeudi 4 juin 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот