Георг Георгиев, министер за надворешени работи на Бугарија / Фото: скриншот

Георгиев: Добрососедство и членство во ЕУ се единствената перспектива за Западен Балкан

Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев порача дека не постои друга корисна перспектива за Западен Балкан освен Еевропската Унија.

Тој во одговор на прашањето на БГНЕС во врска со зголеменото влијание на Русија и Кина на Балканот, вели дека таму каде што Европската визија за интеграција е отсутна, европскиот проект е изложен на ризик од имплементирање на други, трети елементи.

„Ова е причината зошто инсистираме и веруваме дека за нашите партнери од Западен Балкан не постои друга корисна перспектива освен членство во Европската Унија. Некои од нив се веќе сојузнички земји во НАТО, така што ние ќе продолжиме да работиме во оваа насока“, изјави Георгиев.

Тој изрази надеж дека одговорноста на владите на земјите од Западен Балкан ќе биде на врвот на ова – дека самите ќе ги артикулираат своите национални интереси и знаат дека тоа е секогаш поврзано со добрососедството, со обезбедување на одбранбени и безбедносни политики во Европа и во регионот.

„Неопходно е да се спротивстави на сите хибридни и други закани кои имаат за цел да ги дестабилизираат нашите земји“, нагласил бугарскиот министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот