Гецај: Состојбата на север може да ескалира во секој момент, воздржете се од погрешни постапки
Експертот за безбедност Хисен Гецај изјави дека ситуацијата на северот на Косово може да ескалира и покрај тоа што моментално е мирно и дека секој погрешен чекор на владата во Приштина или Белград во овој момент може да ја „запали“ ситуацијата, пренесува Теве 1.
„Смиреноста не секогаш значи дека ситуацијата е добра и дека не може да ескалира. Таму ситуацијата може да ескалира во секој момент, поради било која погрешна постапка на Владата на Косово, или поради барањата на Владата на Србија, што е негативно ориентирана во однос на Косово“, рече Гецај.
Тој додаде дека Косово треба да биде внимателно кога е во прашање ситуацијата на северот.
„Треба да бидеме многу внимателни во нашите постапки, бидејќи ние сме одговорни за тие постапки, а не за постапките на Србија. Затоа меѓународната заедница, предводена од САД, беше таа која секогаш бараше од нас да бидеме внимателни. И затоа од наша гледна точка, зборот „провокација“ секогаш изгледал непријатно, како да сме ние провокаторите, но некои ситуации се испровоцираат, дури и ненамерно“, рече Гецај.