Израелски напади врз појасот Газа EPA/MOHAMMED SABER

Газа: Дописник на германската телевизија ЗДФ убиен во израелски напад

Вработен во продуцентска куќа што соработува со германскиот државен радиодифузер ЗДФ и едно дете беа убиени вчера, во неделата, во Појасот Газа во израелски ракетен напад, објави денес телевизиската станица.

„Нашите палестински колеги од „Палестина медиа продакшн“ (ПМП) беа погодени од ракета на нивното работно место во Деир ал-Бала вчера попладне“, изјави Томас Рајхарт, дописник за ЗДФ, од студиото во Израел.

Во израелскиот напад загинаа еден техничар во компанијата и 8-годишниот син на друг вработен, додека еден новинар на ПМП беше повреден.

Кога беа прашани за овој напад, израелската армија одговори дека го истражува инцидентот.

Сликите емитувани од ЗДФ покажуваат оштетено комбе за емитување, како и други возила на продукцискиот тим.

Колегите на германската телевизиска мрежа работеа од оваа локација од јуни, откако го напуштија новинарскиот простор што беше поставен во близина на болницата Насер во Кан Јунис од безбедносни причини, истакна Рајхарт.

Појасот Газа се смета за најопасното место за новинарите.

„Неприфатливо е медиумските професионалци да бидат нападнати додека работат“, нагласи уредничката директорка на ЗДФ, Бетина Саустен, која изрази сочувство до жртвите и нивните семејства.

Ирена Кан, специјалната известувачка на Советот за човекови права на ОН за слобода на изразување, кон средината на септември изјави дека 252 новинари се убиени во Газа од почетокот на војната по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот