Гастро марифети Маја Стефаноска, вработена во „Слободен печат“: Рачно извезени рецепти од тефтерчето на Маја

Маја Стефаноска
Фото: Приватна архива

Низ рубриката Гастро марифети, досега поминаа дузина жени и девојки – махерки во кујна, кои готвеа по три рецепти за вас и за нас. И редно беше и ние да си ги покажеме вештините, а кога е Маја со нас, си немаме гајле.

Секогаш насмеана и многу вредна, нашата колешка Маја Стефаноска ни е главен советник кога се во прашање домашните гастро марифети резервирани за после работа.

– Мајааа, а колку вода да ставам во леќата, ама точно да ми кажеш колку на цела ќесичка леќа? А на пола ќесичка, колку? А моркови да ставам? Колку?! Поголеми или помали?!…

Маја Стефаноска
Фото: Драган Митрески

Да, да има и такви таленти меѓу нас кои си бараат прецизни мерки. Толку прецизни што понекогаш треба и да им се нацрта дозата, формата, големината на намирниците, тенџерето сосе капак, тавата… Маја пак, има нерви-кабли, а има и едно волшебно тефтерче во кое се запишани, рачно, гастро волшепствата кои се чувари на македонската традиција.

Ѝ „украдовме“ три рецепти од тефтерчето, извезени со ракописни кирилични букви. Која убавина!

Чоколадна торта

чоколадна торта
Фото: Приватна архива

Намирници:

  • 400 грама чоколадо
  • 100 мл вода, 1 маргарин
  • 250 грама шеќер во прав
  • 10 јајца
  • 10 лажици брашно
  • 200 грама мелени ореви.
чоколадна торта
Фото: Приватна архива

Подготовка:

400 грама чоколадо се топи во 100 мл вода на тивок оган. Маргаринот и шеќерот во прав убаво се матат и се додаваат 10 жолчки. Откако ќе се излади растопеното чоколадо се става смесата со маргарин.

Пандишпан: 10 белки се матат со 10 лажици шеќер, се додава 10 лажици брашно, 200 грама мелени ореви и 1 пециво. Од чоколадната смеса се додава 5-6 лажици фил, се меша и се става да се пече.

Проја

проја
Фото: Приватна архива

Намирници:

  • 1 чаша (200 грама) пченкарно брашно
  • 1 чаша бело брашно
  • 150 гр сирење
  • 4 јајца
  • 1 пециво
  • 100 мл зејтин
  • 1 чаша јогурт
  • половина кафено лажиче сол.
проја
Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во длабок сад ги кршиме јајцата, ги матиме, сирењето го дробиме со вилушка, ги додаваме двете брашна, пецивото и солта, за да се соединат. Во подмачкан плех се пече 45 минути на 220 степени.

Вртена пита со праз

 

вртена пита
Фото: Приватна архива

Намирници:

  • 1 кг брашно
  • малку квасец
  • 1 шолја масло
  •  1 лажичка сол
  • и вода за да се замеси.
вртена пита
Фото: Приватна архива

Подготовка:

Од тестото се прават топчиња и одозгора се мачкаат со масло. Се зема едно топче, се развлекува врз чаршав, па одозгора се попрскува со масло и се додава претходно испржен праз, потоа се витка. Питата се пече во загреана рерна.

вртена пита
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот