Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Гарабаја: Ова е целосно поинаков пораз за разлика од минатиот против ПИК Сегед

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не ги разочараа своите фанови во Битола со борбеноста и мотивираноста, но не можеа да направат изненадување против актуелниот европски првак Магдебург (26:31).

Македонскиот шампион парираше добро на почетокот, имаше негатива од три гола на паузата, но Магдебург го засили темпото во вториот дел и стигна до својата највисока предност (23:16). Во продолжение битолчани успеаја да ја ублажат негативата, но не можеа нешто повеќе против големиот фаворит во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја по мечот во салата „Боро Чурлевски“ кажа дека ова беше сосема поинаков пораз од претходниот во Сегедин:

– Ова е целосно поинаков пораз за разлика од минатиот против ПИК Сегед. Горд сум на моите ракометари, бидејќи игравме против еден од најдобрите тимови во светот. Горд сум на пристапот и играта „еден на еден“. Магдебург е многу добар во таа игра, но денес докажавме високо ниво на игра во одбрана, но тоа не беше доволно. Сепак, мора да продолжиме со нашата работа и да се гордееме, бидејќи денес бевме на нивото. На почетокот промашивме неколку лесни шутеви, а и лесно загубивме многу топки во првиот дел. Имавме осум загубени топки во првиот дел, во вториот само една. Но, ако правиш грешки против екипа како Магдебург многу тешко е да извојуваш позитивен резултат – рече Гарабаја.

Шампионот на Македонија в недела од 18.00 часот го пречекува Алкалоид во домашната Суперлига, а потоа гостува во Загреб во последниот натпревар во Европа за 2025 година.

ФОТО: Пелистер покажа „заби“, но Магдебург сепак со победа си замина од Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот