Галуп: Поголем процент Бугари не ја одобруваат политиката на Русија

Софија/ Фото: МИА

Според анкетата на „Галуп интернешенл” спроведена во повеќе земји, бројот на бугарски државјани кои не ја поддржуваат Русија е поголем од оние кои ја поддржуваат.

Според Бугарите, Европската унија останува суперсилата, чии политики се сметаат за најстабилизирачки за луѓето во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според речиси половината од анкетираните Бугари (49 отсто), политиките на ЕУ ги дефинираат како стабилизирачки, 22 отсто даваат прилично негативни оценки за меѓународните политики на ЕУ, а 29 отсто од Бугарите се двоумат.

Ставот за ефектот на политиките на ЕУ во Бугарија е блиску до европскиот просек.

Според истражувањето, и соседите на Бугарија, исто така, имаат поблагопријатен однос за политиките на ЕУ. Исклучок е Србија, каде секој втор одговор е „дестабилизира”, а една третина гледа стабилизирачки ефект во меѓународните политики на ЕУ.

Најтешко му е на бугарското општество да формира јасен став за влијанието на меѓународните политики на Руската Федерација, бидејќи 37 отсто од анкетираните Бугари веруваат дека „не можат да проценат”, 30 отсто веруваат дека руската политика го стабилизира светот, додека 33 отсто го веруваат спротивното. „Галуп интернешенл” истражувањето го спроведе на крајот на 2021 година во 45 земји ширум светот и повеќе од 42.000 возрасни граѓани, кои претставуваа околу 2/3 од светската популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот