ГАЛЕРИЈА| Противпожарна заштита од нафтени деривати: ОКТА отвори тренинг центар

ОКТА инвестираше во нов тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати, прв од ваков вид во земјава. Новиот тренинг-центар ќе овозможи изведување на вежби и сценарија на противпожарната единица на КТА во строго контролирани и безбедни услови за вработените и инфраструктурата на компанијата.

 

-Тренинг-центарот има исклучително значење за нашата компанија и ќе придонесе за натамошно одржување на високиот степен на подготвеност на нашиот противпожарен тим, но и на сите вработени во компанијата, за ефикасно справување со ризични ситуации поврзани со појава на пожари. Истовремено, подготвени сме нашето знаење и сите капацитети на овој центар да ги ставиме во служба на институциите, останатите компании и заедницата, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата општествена одговорност на која сме особено посветени и горди – изјави Ице Рикалоски – директор на оператива во ОКТА АД Скопје.

Противпожарната единица на ОКТА е основана со самиот почеток на работа на компанијата и располага со две целосно опремени противпожарни возила, како и друга дополнителна опрема за гасење пожари. Новинарите вчера имаа можност да ги видат ниовните пожарникари на дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот