• противпожарна заштита

Изгореа 50 сандаци со пчели

Во село Бучинци, скопско вчера избувнал пожар и горела голема површина сува трева, а од пожарот биле зафатени околу 50-тина сандаци со пчели, сопственост на Д.Р. (50) од село Марино, скопско. Пожарот, како што соопшти МВР, бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.