ГАЛЕРИЈА | ПРЕД И ПОТОА: Слобода во уредувањето на просторот за домување

Изведбата на проектот е од скопското архитектонско студио „Студио 90“

Реновирањето на станот започна со репроектирање на постојната состојба која не ги задоволуваше стандардите за станбено живеење на четиричлено семејство.

пред (лево) и потоа (десно) / Фото: Студио 90

Новопроектираната состојба подразбира поставување на граница помеѓу дневниот простор, кујната и трпезаријата кои го дефинираат јавниот простор и приватниот, трите спални соби и бањата.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Следниот чекор по поставувањето на внатрешната организација беше одредување на стилот, боите, материјалите и текстурите на сите површини.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Во внатрешното уредување се употребени јаки бои на ѕидовите и материјалите, бетонска текстура во дневната соба, дрвен под, модерни парчиња на мебел од дрво и браварија наспроти минимална рустика во обработка на кујната.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Сите елементи заедно создаваат современ изглед кој е олеснет од строгоста во доследноста на стиловите . Владее слобода на изразот и духот.

Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90

Концептот се доближува до природата на домувањето која е неограничена, еклектична но и извлечена од контекстот со тендеција да создаде топла, пријатна и непосредна атмосфера.

Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90

Во уредувањето на бањата упоребени се плочки кои имитираат мермер.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Поставувањето на ист тип на плочки создава визуелно проширување на просторот и безвременски изглед. Со оглед на малата квадратура постигнат е максимум во однос на позиционирањето на проширената програма која подразбира два мијалника и туш за двајца.

Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90

ГАЛЕРИЈА: Поткровје во Аеродром во француски стил

ГАЛЕРИЈА: Стан во населба Аеродром во скандинавски стил со медитерански акценти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот