ГАЛЕРИЈА | Од голотија до гламур: Најдобро облечените ѕвезди на ВМА 2023

Селена Гомез, Меган Ди Сталион, Тејлор Свифт - Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

На доделувањето на Видео музичките награди на „МТВ“ – ВМА (MTV VMA), модата е гласна речиси како и музиката и модните комбинации на розовиот тепих во 2023 година не беа исклучок.

Вчеравечер познатите личности дојдоа во „Центарот Прудентал“ во Њу Џерси облечени во впечатливи креации, од смели до блескави и светкави комбинации.

Во продолжение погледнете ги сите најдобро облечени ѕвезди од овогодинешните Видео музички награди, според „Пејџ сикс“ (Рagesix).

Тејлор Свифт

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Најноминираната артистка оваа година вечерта, Тејлор Свифт одбра пожесток изглед од вообичаено, појавувајќи се на розовиот тепих во асиметрична црна тоалета на Версаче, обложена со иконскиот златен хардвер Медуза на луксузниот бренд.

Селена Гомез

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Ова може да е најдобриот изглед пејачката до сега. Гомез беше прекрасна во рачно изработен црвен фустан од Оскар де ла Рента, чие здолниште беше формирано од нежни цветни ленти.
Дијамантите од Џардини Сегрети, вклучително и пар прекрасни обетки со пеперутка, го завршија цветниот изглед на ѕвездата.

Оливија Родриго

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL 27835

Младата пејачка има тенденција да ги меша парчињата инспирирани од панкот со привлечните секојдневни комбинации – но кога станува збор за црвениот тепих, таа изгледа апсолутно најдобро во едноставни силуети како оваа.
Елегантниот светкав фустан на Родриго, обложен со кристали на Сваровски, од Лудовик де Сен Сернин, беше вистински избор, а минималниот изглед на додатоци убаво се комплетира со сиот тој сјај.

Карди Би

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Нема лоши денови за коса овде! Карди изгледаше беспрекорно во наметката на Дилара Финдикоглу инспирирана од оклоп, направена од илјадници штипки за коса.

Меган Ди Сталион

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Подеднакво секси и софистицирано, корсетот од Брендон Блеквуд, без презрамки, совршено ѝ прилегаше. Неверојатните 129 карати на Jacob & Co. беше шлаг на тортата.

Шакира

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Овогодинешната добитничка на наградата „Видео авангард“ изгледаше одлично во златна креација со синџири и гол грб од Версаче, која совршено „легна“ на нејзините облини.
Шакира ги донесе синовите Милан и Саша како нејзини придружници за големата вечер, а двете момчиња беа облечени во барокни тренерки од Версаче.

Савити

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL 27835

Савити изгледаше неверојатно во оваа невообичаена креација од пистата на „Ареа“. Ја рекреираше Вилма Флинстон, но во модерно издание.

Манескин

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Гледачите на ВМА можеби се сеќаваат на цензурираните изданија на италијанските рокери за време на минатогодишното емитување, што може да објасни зошто оваа година се одлучиле за прикриена варијанта. Во креации на Рик Овенс секако изгледаа фантастично.

Стивен Санчез

Фото: Anthony Harvey / Shutterstock Editorial / Profimedia

Несомнено, најдобро облечениот човек на розовиот тепих на ВМА, според „Пејџ сикс“ е пејачот Стивен Санчез, кој изгледаше одлично со сината машна на Гучи и чантата Дијана со рачка од бамбус.

Чарли и Дикси Д’Амелио

Фото: Stephen Lovekin / Shutterstock Editorial / Profimedia

Познатите сестри на ТикТок изгледаа елегантно во дуо од совршено скроени фустани без прерамки. Чарли носеше миди фустан со машна од ШуШу/Тонг, додека Дикси блесна во скулптурната креација на Матичевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот