ГАЛЕРИЈА | Гори Универзалната сала во Скопје, со хеликоптер не може да се гасне пожарот

Огромни пламени јазици ја зафатија Универзалната сала во центарот на Скопје. Екипи на противпожарната бригада се на терен и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во моментот гостува во студиото на „Слободен печат“ каде во интервјуто изјави дека го видел пожарот на самиот почеток и дека употребата на хеликоптер е ограничена затоа што во околината има високи згради што ја ограничуваат оваа опција.

Бев очевидец на овој пожар, доаѓајќи наваму го забележав густиот чад на самиот почеток. Избувнал силен пожар во Универзалната сала со кровната конструкција. Пожарот развива висока температура. На местото е скопската противпожарна бригада со опрема и храбри пожарникари. Пред да почне интервјуто зборував со командантот на противпожарната бригада, рече Ангелов.

Тој додаде дека не е исклучена можноста да се користи хеликоптер за да се изгасне огнот, но најверојатно нема да дојде до тоа поради високите згради во околината.

-Началникот на хеликоптерската единица на МВР ми рече дека поради околните згради не може да лебди хеликоптерот. Густиот чад е над самиот објект и хеликоптерот треба да надлетува и да фрла вода, но поради високите згради нема таква можност, оваа можност е стеснета, но верувам во нашите храбри пожарникари, додаде Ангелов.

Фото: Драган Митрески/ Слободен печат
Фото: Драган Митрески/ Слободен печат
Фото: Драган Митрески/ Слободен печат

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот