Слободен печат/Драган Митрески

ГАЛЕРИЈА | Четворицата олимпијци подготвени да ги бранат боите на Македонија во Кортина

Денеска во просториите на Македонскиот олимписки комитет беа и официјално претставени натпреварувачите кои ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри во Кортина.

Македонија ќе биде претставувана од четворица спортисти кои се изборија за олимписка норма.

Во дисциплините нордиско скијање, односно спринт и трка на 10 километри со интервален старт, Македонија ќе ја претставуваат Ана Цветановска во женска и Ставре Јада во машка конкуренција. Во алпско скијање, пак, на слалом и велеслалом ќе настапат Јана Атанасовска и Виктор Петков.

Младата Јана Атанасовска  го држи рекордот за најдобар остварен резултат во историја на македонското алпско скијање во женска категорија со освоени 30.56 ФИС точки.

За Ставре Јада ова ќе биде трета Олимпијада по Пјонг Чанг во 2018 и Пекинг во 2022 година и тој е нашиот најстандарден репрезентативец во крос-кантри.

Ана Цветановска дебитираше во Пекинг, па за неа ова ќе биде втора Олимпијада.  Таа беше нашата единствена претставничка на Светското првенство во Трондхејм и ја потврди формата со 5-то место на силниот Балкански куп.

Игрите во Кортина почнуваа на 6 февруари и ќе траат до 22 исто така овој месец.

Слободен печат/Драган Митрески
Слободен печат/Драган Митрески
Слободен печат/Драган Митрески
Слободен печат/Драган Митрески
Слободен печат/Драган Митрески
Слободен печат/Драган Митрески
Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот